Вондерленд театарот со премиера „5:17“ посветена на 50-годишнината од скопскиот земјотрес

Од:

Вондерленд театарот од Скопје денеска ќе ја одржи премиерата на својот нов проект – претстава посветена на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес наречена „5:17“, како дел од „Скопско Лето“.

Нела Витошевиќ, овогодинешниот победник на наградата за најдобра режија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ поставува текст на Ана Ристоска заедно со актерската екипа составена од Драгана Костадиновска, Дениз Абдула и Стефан Вујисиќ.

Проектот „5:17“ е во процес на работа од почетокот на јануари 2013 година, а се поставува во кафулето „Интро“, кај стара жечезничка станица, како спомен, симбол на предземјотресно Скопје. Преку својот носталгичен поглед на „старо Скопје“, претставата ќе има за цел да не потсети на трагичната загуба во која 1070 жители загинале, а скоро 80 проценти од градот бил срушен. Секој гледач на оваа претстава емотивно ќе се пронајде и поистовети со трагичниот настан, но и ќе се потсети на некогашните хумани вредности. Покрај освртот кон историските настани, претставата поставува важни прашања за развојот на денешно Скопје.

Оваа претстава е четврт проект на независниот театар Вондерленд, кој опстојува веќе трета година по ред и досега два пати зема учество на фетивалот МОТ, освојувајќи ја главната награда за најдобра претстава од независната македонска театарска сцена во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање