Во Виена отворена македонска библиотека

Од:

Македонската културна заедница и Македонската православната црковна општина „Св. Наум Охридски“ отворија библиотека во Виена во која може да се најдат книги од македонски автори преведени на англиски и германски јазик.

Библиотеката располага и со книги на македонски јазик, како и дела од автори кои творат на јазиците од останатите етнички заедници во Македонија. Засега во библиотеката има околу 300 книги, но целта е фондот постојано да се зголемува.

Меѓу книгите се наоѓа и делото „Мојата татковина Македонија“, наменето за децата на иселениците, која содржи куса историја и карактеристики на Македонија.

Во чест на петгодишниот јубилеј на Македонска културна заедница, 23 години од Македонско православна црковна општина Св. Наум Охридски Виена, како 20-годишната од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Австрија, македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов предаде околу 200 книги на анлгиски, македонски и на германски јазик.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар