Во знак на почит кон писателот Живко Чинго вечерва во неговото родно место Велгошти ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Чинго“, со која се чествува делото на великанот на македонскиот роман и расказ, големиот македонски раскажувач, романсиер и драмски писател.
Во рамки на манифестацијата традиционално ќе биде врачена и наградата од конкурсот за најдобар расказ, што ја доделува општина Охрид.
Оваа година наградата ја понесе Верче Карафилоска, авторката на расказот „Коси од розева волница“ што стручното жири го прогласи за најдобар во конкуренција од 59 трудови пријавени за наградата за 2014 година.