Во Велес промовирана книгата „Разбојот на соништата“ од Јасмина Ѓорѓиева

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовирана четвртата книга, стихозбирка „Разбојот на соништата“ на младата велешка поетеса Јасмина Ѓорѓиева.

Поетесата Јасмина Ѓорѓиева вели дека оваа стихозбирка на почетокот и крајот е прозна и за да се сфатат стиховите кои се  во средишниот дел на книгата треба да се прочита почетокот и крајот.

– Самата книга носи една голема порака, за да бидеш голем човек треба да сакаш за да можат другите да те сакаат, подари љубов на некого за да ти подарат љубов, порачува Ѓорѓиева.

Триесет и седумгодишната поетеса од Велес во 1992 година дебитираше со својата прва стихозбирка „Љубовта на Младите“,1995 година ја објави својата втора поетска книга „Скриена Игра“. По пауза од творење цели 18 години ланскиот декември ја објави својата трета стихозбирка „Дијалог на срцето“. Оваа нејзина четврта стихозбирка како што уште тогаш најави е нејзино продолжение.

Поети од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ читаа стихови од нејзината поезија,а свој музички настап на виолина имаше и десетгодишната Катерина Вишинова.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска