Во Велес промовиран Зборник „Велешки поетски пулсирања“

Од:

Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и Градската библиотека „Гоце Делчев“ синоќа во медиотеката на библиотеката во Велес беше промовиран нивниот прв Зборник „Велешки поетски пулсирања“.

Во Зборникот на едно место се собрани стиховите на 27 поети од Велес од повеќе генерации. Во неговото уредување работеа Игор Крајчев, Соња Гаврилова и Лила Арсова, а илустрациите се на младиот ликовен уметник Васил Гаврилов.

Соња Гаврилова еден од уредниците и промотори на зборникот пред присутните појасни дека оваа книга, која на изглед е мала, со црно – бели фотографии од авторите и ликовните илустрации содржински изготвени според песните, кога ќе се прочита, освојува со чувство на восхит од големината и силата на пораките.Тие според неа едноставно пулсираат во духот на современата македонска поезија.

-Тука се собрани многу приказни од разни генерации, секоја убава и автентична на свој начин, а сите заедно, една прекрасна, емотивна приказна, за смислата и значењето на неговото величество-животот, низ спомените, сегашноста и иднината, потенцира Гаврилова.

Според вториот уредник и воедно промотор Лила Арсова, овој Зборник е спој на големата генерациска, поетска и тематска хетерогеност. За неа Зборникот „Велешки поетски пулсирања“ претставува своевидна драгоценост.

-Зборникот ни покажува дека квалитетната поезија живее на најнеочекуваните места и дека убав збор и добар поетски збор можете да слушнете и од сосема непознати луѓе, кои сепак заслужено имаат право да го задржат своето место како поети пред читателската публика, смета Арсова.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска