Во организација на Народниот Музеј од Велес, а со поддршка на Министерството за култура. синоќа во Ликовниот салон се одржа концерт на класична музика со преработени стари македонски песни и ора во изведба на ДУО Скупи – Јета Старова Мехмети, флејта и Ермаљ Мехмети, виолина.
Тие во Велес настапија со старата велешка песна „Се посврши Сербес Донка“, ,„Не си го продавај Кољо чифлигот“, „Касапско оро“ и други. Сите овие и останатите композии кои се на нивниот репертоар се преработени, аранжирани и напишани од Ермал Мехмети, според стари македонски песни и ора.
Ермаљ Мехмети за МИА појасни дека како дуо виолина – флејта, што е ретко за овие простори, работат од 2006 година, кога излегле експериментално на сцена сакајќи да донесат, не ново како преработка на стара македонска музика, туку ново во еден вид на музицирање само една виолина и флејта, а со цел да видат дали може да покрјат тоа што покрива една поголема формација на музичари.
– Тогаш експериментално одбравме некои македонски народни песни кои се попознати кај народот и тоа го искомбиниравме со некои преработки на класични дела. Тоа убаво прозвучи и тоа не држи до ден денешен во нашата рабта целосно да се фокусираме на преработки на стари македонски народни песни, но не само од ова поднебје, јас би сакал народните песни од целиот Балкан да бидат опфатени во нашиот репертоар и на нашите идни концерти, најави Мехмети.
Тој сепак со жалење констатира дека за популаризација на нивната музика виновни е средината, која иако не би требало, но сепак е скептична кога се работи за музика која не е нешто вообичаено како звук на овие простори.
– Но, сепак на наша радост има публика и да не е публиката ние не би постеле, потенцира Мехмети.
Неговата колешка и сопруга Јета Старова Мехмети потенцира дека среќни се што публиката е воодушевена од нивните настапи и дека секогаш на крајот имаат долги и силни аплаузи.
– Не враќаат и на бис, но сега поради Ковид пандемијата за жал се помалку луѓе доаѓаат и на нашите концерти,констатира со жалење Јета Старова Мехмети.
Тие велат дека поради Ковид пандемијата е закочена и нивната работа околу настапите пред публика,но сепак се оптимисти и двајцата се надеваат на подобри времиња.
Инаку ова дуо има за првпат настапено во Велес во 2019 година во рамките на „Нов културен бран“.
Како што најавија планираат својот следен концерт со оваа програма да го одржаат на 21 октомври во Гевгелија, а потоа во зависност од условите со пандемијата и во други градови во земјава.
Ермаљ Мехмети потенцира дека тие со нивните настапи во изминатите години во многу земји во Европа и во САД ја презентираат и популаризираат македонската музика.
– Таму реакцијата од публиката е феноменална,луѓето уживаат од ваквата наша музика.Тие дотогаш не ја познавале оваа музика, но се гледа дека сакаат да слушнат нешто за нив ново, а кое дотогаш го немале слушнато. Ние со нашиот настап ја презентираме македонската музика на сите простори и со тоа на најубав начин преку музиката ја презентираме и нашата земја, потенцира Мехмети.
ДУО Скупи пред три години во декември 2018 година го изадоа својот ЦД албум насловен „NEW MAK SOUNDS“ со композиции преработени аанжирани и напишани од Ермаљ Мехмети со користење на стари македонски песни и ора: Сношто сакав да ти дојдам, Касапско оро, Зајди зајди, Море Сокол пие, Си заљубив едно моме, Гајдарско оро, Скопско оро и Јовано Јованке со чија изведба на сите досегашни настапи ја воодушевиле публиката во земјава и странство.