Во Тетово филмски фестивал „Watchout“

Од:

Во Тетово од утре до 22 јуни ќе започне вториот Филмскиот фестивал Watchout во организација на Центарот за балканска соработка. Карактеристика на фестивалот е што проекциите се на отворено во дворот на Музејот на тетовскиот крај – Музејот на КПМ во Тетово.

Според директорот на ЦБС Лоја Бујар Љума ова е уште една активност на нивната организација за изградба и подобрување на културната инфраструктура во градот.

-На годинашниот фестивал аплицираа автори со вкупно 60 филмови од 27 земји од 5 континенти. Филмовите се со одличен квалитет и тие се поделени во три категории: кратки играни, документарни и експериментални и анимирани филмови.

– Според тричленото стручно жири за најдобар документарен филм е прогласен филмот „Revolutionary memories od Bahman who loved Leila“, од авторката Фархаз Шарифи од Иран, најдобар филм во категоријата експериментални и анимирани филмови прогласен е „Sisters“ на авторката Леа Видаковиќ од Белгија и во категоријата на кратки играни филмови за најдобар е прогласен филмот „Chloe“ на Марк – Оливер Комо од Канада, рече организаторот на Watchout Александар Стојановски.

Тој најави дека фестивалот ќе биде отворен утре во 20 часот со филмот The Court od Shards, во четврток ќе бидат прикажани документарните, во петок екперименталните и анимираните a фестивалот ќе биде затворен во сабота со проекции на кратките играни филмови и доделувањето на наградите.

Организаторите најавија дека наградената авторка во категоријата за најдобар експериментален и анимиран филм Леа Видаковиќ од Белгија од четврток ќе пристигне во Тетово.

Струќното жири за овогодинешното издание на Watchout го сочинуваа театарската актерка и теоретичарка Роња Киндлерод Германија, уметничкиот критичар од Тетово Салајдин Салиу и филмскиот режисер и декан на факултетот за драмски уметности од Скопје Лазар Секуловски.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ