Во Театар Комедија „Војникот фалбаџија“ од Плаут

Од:

Во Театар Комедија вечер ќе биде одиграна претставата „Војникот фалбаџија“ од Т. М. Плаут во режија на Лука Кортина.

Актерската екипа ја сочинуваат Керим Селпин, Али Осман, Салаетин Билал, Јеткин Сезаир, Аксел Мехмет, Тамер Ибрахим, Слаѓана Вујошевиќ, Билјана  Јовановска. Драматург е Викторија Рангелова, сценограф и костимограф Наташа Андонова, а музиката е на „Фолтин“.

Комедијата на Плаут е тематски актуелна со векови. Во неа, малите луѓе-робовите, се обидуваат и успеваат да си поиграат со војникот, но тој ја релативизира и иронизира нивната победа, а со тоа си дозволува одново да се однесува како никогаш да не погрешил.

Сознанието дека со векови високо позиционираните лица  уживаат во својата општествена големина исто како нивните претходници  ја прават оваа комедија повеќе болна одошто смешна.

Премиерната изведба на „Војникот фалбаџија“ беше во Национална Установа Турскиот театар – Скопје, на 10 април.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање