Во Театар Комедија 50-та изведба на „Стјуардеси“

Од:

На сцената на Театар Комедија вечер од 20 часот ќе се одигра 50-та изведба на претставата „Стјуардеси” од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов. Текстот на Марк Камолети веќе е влезен во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција.

Претставата „Стјуардеси“ е втората претстава од реператоарот на Театар Комедија кој ја има доживеано својата 50-та изведба. Првата е „Ах љубов моја“ која својата 50-та изведба ја имаше на втори ноември минатата година.

„Стјуардеси“ премиерно беше изведена на 6 декември 2013 година и од тогаш претставата ја виделе над 16.000 гледачи.

„Стјуардеси“ е најпродаваната претстава во Република Македонија за 2014 година.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи