Во Струмица одржана манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Од:

Во фоајето на Центарот за култура„ Антон Панов„ во Струмица синоќа по третпат се одржа глобалната манифестација „100 илјади поети за промена„ ,на која годинава со својата социјално-ангажирана поезија настапија 20 македонски поети.

Органзатор на оваа глобална  манифестација, која се одржува во над 500 градови во 100 земји во светот е Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица„.

Претседателот  на здружението Митко Гогов е  задовелен од одѕивот како на младите, така и на неговите постари колеги-поети, кои и годинава со своите стихови од Струмица упатија апел за промени во светот .

– Годинава во манифестацијата за првпат ги вклучивме младите поети од средните училишта во Струмица, а со работилница и предавање пред учениците од ООУ „Маршал Тито“, го прошируваме нашето членство.И вечерва од овде преку нашата социјално-ангажирана поезија, до светот ќе упатиме апел за промени кои сакаме да ги видиме, како во социјалната, така и во материјалната сфера, против војните и геноцидот, но и да ја истакнеме љубовта, разбирањето и прифаќање на различноста меѓу луѓето, истакна претседателот на „Контекст –Струмица„ Митко Гогов.

На третата манифестација „100 илјади поети за промени„ беше промовиран првиот алманах во кој е застапена поезијата на 40 македонски поети, а беше отворена и изложба на 20 дизајнерски решенија за годинашниов плакат .

Организатор и финансиски покровител на оваа манифестација е општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал