Во Струга ќе биде поставена биста на унгарскиот поет Шандор Петефи

Од:

Пред почетокот на 52. издание на Струшките вечери на поезијата ќе биде поставена биста на истакнатиот унгарски поет Шандор Петефи, со одлука на Советот на општина Струга.

Бистата прво ќе биде поставена пред Спомен домот на браќата Миладиновци, а потоа согласно одлуката на Советот ќе биде префрлена пред мостот на истекот на реката Црн Дрим.

Директорот на Струшки вечери Мите Стефоски ја поздрави одлуката на Советот и изрази задоволство од поставувањето на спомен обележјето на унгарскиот поет.

– Задоволни сме од одлуката да се постави бистата на поетот Шандор Петефи, бидејќи станува збор за еден од најголемите унгарски поети, рече Стефоски.

Унгарската амбасада во Македонија минатата година покрена иницијатива за поставување спомен-обележје за поетот Петефи, а унгарскиот амбасадор Јожев Бенце неодамна ја посети Струга и оствари средба со градоначалникот Зејадин Села на која главен акцент беше поставувањето на ова спомен обележје.

Спомен бистата на Петефи ќе биде подарок од Министерството за култура на Република Унгарија.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски