Улрих Мејер-Хорш, германски актер и режисер, кој има предавано низ Европа, Русија, Ерменија, Бразил, Јапонија, Уругвај, САД, почнувајќи од денеска, па во наредните три дена во Скопје ќе одржи бесплатна работилница за професионални актери и студенти по актерска игра од втора, трета и четврта година, според техниката на Миахил Чехов.
Работлиницата се одржува во рамките на проектот „Мајсторски работилници по актерска игра и театарска режија“ во кино Култура, во организација на Театарот на Навигаторот Цветко.