Во Ресен предновогодишен концерт на трио „Интерарт“

Од:

Јавната општинска установа Дом на култура „Драги Тозија“ вечерва во Ресен организира предновогодишен концерт на трио „Интерарт“.

Музичарите од Битола, Александар Стефановски-флејта, Емилија Ристевска Стефановска-флејта и Татјана Божиновска-пијано, во ресенскиот Сарај ќе изведат преработена класика и други дела од познати композитори.

– Трио „Интерарт“ од Битола приредија концерт и минатата година, тие се познати, почитувани и посакувани гости на публиката во Ресен. Вечерашниот концерт ќе почне со Соната од Лоие, по што ќе следуваат композиции од Доплер, Офенбах, Шуберт… Концертот е дел од богатата културна програма што ја организира нашата установа, информираат од Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен.

Трио „Интерарт“ настапувале во Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција, САД и други држави.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска