Во продажба влезниците за новата концертна сезона на Филхармонијата

Од:

Филхармонијата денеска ќе ги пушти во продажба влезниците за свеченото отворање на концертната сезона 2019/2020, која годинава има слоган „Моја бесмртна љубов“ и е во знакот на светското одбележување 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен.

Концертот за отворање на сезоната е на 26 септември во 20 часот, кога на сцената на Филхармонијата ќе настапат Александар Мелников од Русија, еден од најдобрите современи пијанисти, и славниот диригент Антони Вит од Полска.

Концертот е насловен „Моќта на Заратустра“, а на програмата се две грандиозни дела: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Лудвиг ван Бетовен и „Така зборуваше Заратустра“ од Рихард Штраус.

Филхармонијата соопшти дека како и во минатите години нуди промотивна сезонска блок-влезница во која влегуваат сите концерти кои се дел од програмата, во периодот септември 2019 до јуни 2020, вклучувајќи и неколку ексклузивни концерти.

– Доколку влезниците се купуваат индивидуално, цената за сите концерти изнесува 13.000 денари. Доколку се резервира годишна блок-влезница до 15 септември, обезбедувате промотивен попуст од 30 отсто и цената е 9.000 денари. Цената на билетите во редовна продажба, пак, по 15 септември ќе изнесува 10.000 денари, соопшти Филхармонијата.

Билетарницата на Филхармонија работи секој ден од 10 до 20 часот, како и во сабота од 10 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска