Во Охрид промоција на шестте тома „Избрани дела“ на поетот Бранко Цветкоски

Од:

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска беа промовирани „Избрани дела” во шест тома на современиот македонски поет литературен критичар Бранко Цветкоски.

–  Во животот на еден авторот, особено во творечкиот период кај писателите има вакви преломни животни творечки мигови кога правите рамносметка со она се што сете го направиле во животот, изјави авторот Цветковски.

Тој појасни дека во шестте тома на неговото издание е направен пресек од неговото досегашно четиридецениско плодно книжевно творештво, валоризација на неговото книжевно дело од македонската литературна критика.

–  Ова е важен миг што ми дава за право да верувам дека 40 години творев на мојот јазик на најдобар можен начин, дека го афирмирав во земјата и надвор од неа и на тој начин моето поетско творештво е едно камче во мозаикот на нашиот траен национален идентитет, рече авторот.

Презентирајќи ги најновите изданија критичарот Мите Стефкоски рече дека Цветкоски и неговото поетско творештво според своите уметнички и естетски вредности е во самиот врв на македонската книжевност.

– Сето тоа се огледува во антологииите во кои е застапуван како автор, во преводите и во целокупната рецепција во Македонија и во странство…По огласите се гледа дека се работи за творечка појава која несомнено го заслужува своето место меѓу најзначајните творци на македонската поезија, рече Стефкоски.

Во првиот и вториот том е поместен најстрог избор од 12-те поетски книги на авторот, третиот дел е посветен на неговата толкувачка дејност посветена на македонската литература, четвртиот том е застапен со 38 текстови на автори што ја толкувале поезијата на Цветкоски, а во петтиот и шестиот том се препечатени 18-те книги на авторот на исто толку светски јазици. Во моментов авторот Бранко Цветкоски работи на две нови книги.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска