Во Охрид промоција на двете најнови книги на академик Блаже Ристовски

Од:

Во рамки на манифестацијата „Научна и уметничка визита Охрид 2014“ што се одржува во организација на МАНУ, вечерва во Куќата на Уранија ќе бидат промовирани двете најнови книги на академик Блаже Ристовски.

Станува збор за книгите „Македонски работи – јазик, литература, историја, нација, држава“ и „Македонски литературни пројави од лозарството до другарството“, за чија научна вредност ќе говори академик Геогри Старделов.

Блаже Ристовски е македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар. Бил уредник на првата „Македонска енциклопедија“ во издание на МАНУ.

Како истражувач на македонската литературна, јазична и национална историја и на фолклорот во Македонија, објавил повеќе од 30 книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 800 статии и други прилози во разни зборници и списанија во земјата и во странство.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска