Во Куманово започна ликовната колонија „Карпино 2013“

Од:

Денеска во Куманово се отвори 11-тата меѓународна ликовна колонија „Карпино 2013“.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски им посака добредојде на 17-те уметници од различни градови на Македонија, но и од Србија, Бугарија и Белгија.

-Се гордееме што сме домаќини на три ликовни колонии, Македонската икона, Карпино и Прохор Пчински. Ликовната галерија во Куманово е една од првите, што значи дека традицијата на ументост продолжува и тоа станува добар бренд-истакна Дамјановски.

Еден од уметниците, Доне Милијановски изјави дека се радува на дружењето со останатите уметници.

izl (1)

-Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Во врска со сликата, мојата идеја е да биде нешто од нашето поднебје. Сметам дека вопшто немаме потреба од странски колонии, кога имаме наши-нагласи тој.

Ликовната колонија годинава е посветена на починатиот поранешен уметнички директор, Драгиша Димитријевски-Шипе, а ќе трае до 14-ти август.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Француско-руска вечер со пијано и виолончело на „Охридско лето“, Ал Ди Меола на Антички

Емир Латифовиќ

Поради невреме во Охрид, концертот на Сандовал презакажан за вечер

Емир Латифовиќ

Меѓународен фестивал „Фолклорен Мост“ во Струга

Емир Латифовиќ

„Where Jazz Meets Clasical“ – концерт на „Скопско лето“

Емир Латифовиќ

„Три дена во септември“ доби награда за најдобра музика на фестивалот SEE a Paris

Предраг Петровиќ

Mакедонската култура на Фестивал на франкофонијата во Созопол

А1он