Во Куманово ќе се одржи 14. Меѓународен тамбурашки фестивал

Од:

На градскиот плоштад во Куманово од четврток до сабота 14-ти пат ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.

На трите фестивалски вечери ќе настапат познати тамбурашки оркестри од земјата и регионот.

– Првата вечер ќе биде посветена на 35 години од кариерата на нашиот сограѓанин и естраден уметник Нино Величковски, а петок и сабота ќе бидат посветени на тамбурашките оркестри. Организацијата на овој фестивал е на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на општина Куманово, односно градоначалникот и Советот на Општина Куманово, изјави Цоки Ристевски од локалната самоуправа.

Заедно со Величковски на првата вечер ќе настапат Виолета Томовска, Маргица Антевска, Октет Куманово, Наум Петревски, Сандра Милковска, како и тамбурашките оркестри „Велос“ од Нови Сад, Република Србија и „Пријатели“ од Скопје.

– На 24-ти август, гости ќе се „Кумановски тамбураши“ со солистите Сандра Милковска и Нино Величковски, Тамбурашкиот состав Рубато од Пожега, Република Хрватска, Градскиот тамбурашки оркестар Пљевље од Црна Гора со солистите Нина Стругар, Дејан Шкулетиќ и Мугдин Нухановиќ, како и тамбурашкиот оркестар Велос од Нови Сад победници на Светсккиот тамбурашки фестивал, изјави Величковски.

Третата и последна фестивалска вечер ќе ја отворат Радовишки тамбураши, Ансамбл на Здравко Ќосиќ од Бања Лука, како и тамбурашките оркестри Ужице и Вараждински тамбурашки оркестар.

Како што посочи Величковски, доколку постои идеја од угостителите може да се организира и манифестација од типот на Пиво фест, но зависи од заинтересираноста на граѓаните.

Од буџетот на општина Куманово за организација на 14-то издание на фестивалот се одвоени 800.000 денари, додека 150.000 денари се од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра