Во Крива Паланка изведена детската претстава „Волшебниот часовник“

Од:

Театарот за деца и младинци од Велес ги развесели најмладите жители на Крива Паланка со детската претстава „Волшебниот часовник” со гостување во Центарот за култура и во детската градинка „Детелинка”.

Претставата „Волшебниот часовник”, дело на рускиот автор Сергеј Аксаков, е едукативна поучна приказна за годишните времиња претставувани од нивниот стар, но умен господар. Во неа како ликови се појавуваат: Златната есен, Пеце Малерот и Лошко Добриот кои низ дејството им пренесоа важна порака на дечињата од предучилишна и школска возраст дека секој човек може да биде подобар и корисен за себе и другите.

„Волшебниот часовник” е во изведба на ансамблот на велешкиот Театар за деца и младинци сочинет од Драган Миладиновски, Младен Крстевски, Слободанка Чичевска, Ане Павлов, Кирил Гравче и Димитриа Марковски. Режисер на претставата е Младен Крстевски.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“