Во Коџаџик ќе биде отворена Спомен куќата на семејството на Ататурк

Од:

Спомен куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, денеска ќе биде свечено отворена во село Коџаџик, општина Центар Жупа.

Спомен-куќата е изградена во соработка меѓу Министерството за култура и Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.

Заедничкиот проект опфаќаше и конзервација и реставрација на старите постојни ѕидови во приземјето на куќата, како и изградба на пат од центарот на селото Коџаџик до Спомен-куќата.

Семејството на Мустафа Кемал Ататурк, според сознанијата на макесонските и турските историчари и археолози, живеело во Коџаџик во втората половина на XIX век. Кон крајот на XIX век, Али Риза се сели во Солун и се оженил со Зебеиде Ханим, која потекнувала од старо турско семејство од Лангаса, близу Солун. Тука е роден и нивниот син Кемал Мустафа. Али Риза, воден од желбата да ја сочува врската со родната земја, го испратил синот во војното училиште во Битола.

Покрај куќата на семејството на Мустафа Камал Ататурк во Коџаџик, се наоѓа уште еден станбен објакт, наречен Роднинска куќа. Заедно, тие две градби претставуваат единствена целина, музејски комплекс, како сведоштво за потеклото и животот на семејството Ататурк во селото Коџаџик.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање