Во Кочани одбележани Европските денови на културното наследство

Од:

Со предавање на тема „Водата извор на животот“ со посебен осврт на Кочанската котлина, денеска во Кочани беа одбележани Европските денови на културното наследство. Предавањето се одржа во библиотеката „Искра“ и истото го проследија ученици од кочанските основни и средни училишта како и посетители на Дневниот центар од Виница.

Беше посетена и Етно куќата во Кочани во која се изложени експонати од археолошкото и етнолошкото богатство на кочанскиот крај.

– Археолошката збирка на Кочани е богата со експонати од неколку археолошки локалитети во овој крај, како што се Моробиздон, „Свети Атанасиј“ во Спанчево, Локубија над Кочани. Изложените предмети ја раскажуваат историјата на овој крај по течението на Брегалница со десетина векови наназад. Посетителите ја разгледаа и етнолошката збирка на градот во која се поместени предмети, документи и фотографии од кулртурното, етнолошкото и нематеријално богатство на овој крај, ни изјави Илинка Атанасова советник кустос во Музејската збирка на Кочани.

Во рамки на манифестацијата Европски денови на културното наследство беа посетнеи и водопадите на Мала река кај езерото Градче.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во Клиничкиот центар во Ниш од Воената болница

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри