Во Кочани „Музичко будење на градот“ по повод Петровден

Од:

Музичките настани ќе бидат во фокусот на 11. издание на манифестацијата „Петровденски конаци“ што под мотото „Музичко будење на градот“, ја организира Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани со поддршка од Министерството за култура и локалната самоуправа.

Како што соопшти директорката на „Бели мугри“, Кристина Атанасова Арсова, концерти ќе одржат кочанските групи 4 и 21, Мјау, Шекспир, Криптон, А-позитив и Игуана, тетовската хип-хоп атракција Natty fiyah. На 8 јули на Летната сцена на Центарот за култура ќе настапат Гиш и Гуру Харе, а на 11 јули, во пресрет на Петровден – Тони Китановски Трио. Сите концерти започнуваат во 21:30 ч.

Во програмата за одбележување на Петровден, Општина Кочани го вклучува традиционалниот влашки етно-фестивал „На Петровден сите на планина“, што ќе се одржи в сабота, на 8 јули, на Пониква. Од 7 до 11 јули во Кочани ќе се одржи Младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, а изработените дела ќе бидат изложени на 11 јули во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“.

– На Духовната академија по повод Петровден, закажана за 11 јули во 19 ч. во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе настапат црковниот хорови од Лесново, Штип и Радовиш, а утредента е планирана литија и кршење на петровденскиот колач во Градскиот парк во Кочани, најави Аника Илијевска Ѓорѓиева од Одделението за јавни дејности од Општина Кочани.

Според Венцо Бојков, раководител на Одделението за општи и правни работи во Општина Кочани, на 10 јули напладне ќе биде поставен камен-темелник на Пречистителната станица за отпадни води во селото Мојанци, а Советот на Општина Кочани ќе ја одржи свечената седница, на која ќе бидат доделени највисоките општински награди.

Би можело да ве интересира

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

Низа лични дискредитации и навреди за предложените кандидати за в.д. градоначалник на Кочани

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски