Во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечер ќе одржат концерт уметниците кои се дел од проектот Концерт „Трио“ по повод промовирање на пијано.
Концерт “Трио”,е проект финансиран од Министерството за култура. а музичкитот инструмент е донација од 40 семејства на наши иселеници кои живеат и работат во САД.
На концертот ќе учествуваат Шкелзен Бафтијари на пијано, Шкелзен Пајазити на виолина и Јетмир Мехмеди на гитара,
Директорот на НУЦК “Кочо Рацин” Малам Османи изјави дека се преземени сите мерки за запазување на здраствените препораки за безбедно следење на концертот.
Коцертот ќе се одржи во големата сала во Центарот за култура со почеток во 20 часот.