Во КИЦ на С. Македонија во Софија ќе се одржи книжевна вечер со писателката Ана Багријана

Од:

Во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија денеска во 18:30 часот ќе се одржи Книжевна вечер со писателката и преведувачка Ана Багријана. Таа е поетеса, романсиер, драматург, преведувач од Украина и е родена на 24 март 1981 година во Фастов, Киевската област. Дипломирала украински јазик и литература на Филолошкиот институт на Националниот универзитет Тарас Шевченко во Киев. Работела како новинарка во телевизија, радио и печатење.

dobivaj vesti na viber

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот литературен критичар и издавач Пламен Тотев и директорот на КИЦ на Северна Македонија во Софија д-р Сашко Насев, ќе зборуваат за нејзиниот богат преведувачки опус, кој опфаќа голем број наслови од македонски автори преведени на украински, како и за нејзиниот писателски труд.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат делови од современата литература на три јазици – македонски, бугарски и украински.

За збогатување на интерпретацијата на избраните кратки текстови ќе се погрижи режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика, кој е од Република Северна Македонија, но живее и работи во Бугарија.

Местата за присуство на настанот се ограничени и право на присуство ќе имаат само оние кои се пријавиле однапред. Предност ќе имаат оние кои имаат потврди за вакцинација или за заболени од Ковид-19. Поставените услови се со цел да се почитуваат мерките за справување со пандемијата, прецизирани од КИЦ на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Луѓенца“ од Лилјана Пандева

Ана Ололовска

Историскиот роман „Се викам црвена“ од Орхан Памук излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

Ана Ололовска

Објавена „Алгоритмеа“, прва поема „напишана“ од вештачка интелигенција според стилот на Стефан Марковски

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Глава што лебди“ од Марија Ангеловска

Ана Ололовска

Излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова

Ана Ололовска