Во Кавадарци промовирана книгата поезија „Игла и конец” од Јанчовски

Од:

Во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци синоќа се одржа промоција на новата книга поезија на Тихомир Јанчовски од Скопје, насловена како „Игла и конец“.

Според промотор на книгата Добрила Грашеска, Јанчовски спаѓа во редот на најактуелните поети во Македонија.

– Тој е еден од двајцата нови теоретичари кои значат нешто во овие наши простори. Тој пишува поезија на едноставен начин, што не значи дека е лесно тоа да се прави. Напротив, едноставноста најтешко може да се донесе, затоа тоа најмногу трае. Лајт мотив на неговата книга поезија „Игла и конец“ е реченицата: „Има денови кога се живее а потоа се раскажува доживеаното”. Инаку и симболично иглата и конецот значат револуција во човечката цивилизација. Со нив човекот си го променил животот, семејството. И ова книга е со таква поридобивка. На едноставен начин се создава парче добрина, рече таа и додаде оти во книгата се поместени 48 песни.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска