Во Гостивар прва проекција на филмови „Денови на Македонскиот документарен филм“

Од:

Од вечерва во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар започнува прикажување на циклус домашни документарни филмови. Манифестацијата „Денови на Македонскиот документарен филм“ гостиварската установа за култура ја организира во соработка со Филмскиот фонд на Македонија и ќе трае до 21 јуни.

Во овој период предвидено е да се прикажат вкупно 13 документарни филмови од различни продукции и автори создадени во периодот 2009-2012-та година.

Вечерва, ќе се проектираат два филма: „Волшебниот рид“ на Петар Џуровски и „Трагачи по звукот“ на Сузана Диневска. Наредниве денови циклусот проекции ќе се заокружи со „Крв за крв“ на Астрид Омери и „Кадаре“ на Алберт Дило.

Според најавите, филмовите третираат различни теми: од животот на жените вработени како шнајдерки, судбини на иселеници, сторија за единствениот изработувач на виолини во Македонија до приказна за шарпланинските убавини.

Проекциите ќе се изведуваат во големата сала на Центарот за култура со почеток во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он