Во рамки на програмата за одбележување на општинскиот празник 7-ми Ноември,синоќа во Гевгелија беше промовирана монографијата „Серменин“ од авторот Ристо Стамков, кој досега има издадено 16 книги претежно роднокрајна литература.
– Во настојување да останат податоци за генерациите,се нафатив да направам обид да го прикажам историскиот развој на Серменин се до напуштањето од неговите жители,рече авторот Стамков.
Промоторот на книгата,Илија Тумбов,во својата рецензија истакна дека само луѓе ентузијасти како Ристо Стамков се нафаќаат на ваква макотрпна работа на пишување книга за место за кое нема целосни податоци.
– Стамков дел по дел прибирал материјали на терен долги години и успеал многу настани за селото Серменин да ги спаси од паѓање во бездната на заборавот,истакна промоторот Тумбов.
Книгата е поделена во два дела од кои првиот го прикажува историското минато на населбата,а во вториот дел се прикажани личности од Серменин значајни за македонскиот народ и државата.