Во Гевгелија вечер ќе се одржи поетска средба со македонскиот поет Никола Маџиров.
Поетската средба под наслов „Поетски патувања со Никола Маџиров“ ја организира Градската библиотека „Гоце Делчев“ од каде посочуваат дека љубителите на поезијата ќе имаат можност да уживаат во стиховите на овој македонски автор, поет, есеист и преведувач.
Една од неговите најпознати песни „Кога некој заминува“ била дел од германската поставка на операта „Орфеј и Евридика“ која премиерно е изведена во септември годинава во Минхен.
Никола Маџиров е добитник на наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“ „Браќа Миладиновци“ и на европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“ која се доделува на автори родени во централна и источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана во неколку избори и антологии на македонската поезија.