Во Гевгелија почнува шестиот „БОШ“ фестивал

Од:

Од денеска до 24 август во рамки на Гевгелиското културно лето ќе се одржува шестото издание на алтернативниот фестивал „БОШ“.

Во трите фестивалски дена на неколку локации во градот се предвидени многубројни содржини со домашни и странски учесници, од областа на сценски и визуелни уметности, музика, литература, филм, видеоарт, работилници и панел дискусии.

– Фестивалот „БОШ“ како интервенција во јавниот простор веќе шест години ги редефинира уметностите во урбан контекст. Затоа продолжуваме, заради потребата да се доживее слободата во една типично различна, урбана контура и за поместување на границите на конвенционалното, соопштија организаторите.

Сите настани се бесплатни, а покровител на фестивалот е општина Гевгелија, Комплетната програма на фестивалот може да се види на http://boshfest.com/

Првото издание на фестивалот се случи во 2009 година, во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008) и е посвета од неколку блиски пријатели.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

„Ние, луѓето“-премиера