Во Друштвото на писатели на Македонија промоција на стихозбирката „Per Aspera Ad Astra“ од Оливера Доцевска

Од:

Во Друштвото на писатели на Македонија, во Скопје,  на 9 мај, во 12,00 часот, ќе биде промовирана новата поетска збирка  на авторката Оливера Доцевска „Per Aspera Ad Astra “, во издание на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје. За поезијата на Доцевска ќе зборува м-р Ирена Јурчева.

Книгата е зборник на необјавени  песни на поетесата Оливера Доцевска, песни кои низ душевната призма на авторката ги рефлектираат изминатите години и општествениот и личниот пат, проткаен со животите на другиот, прикажување на смислата во бесмислата и на губењето низ себепронаоѓањето, низ силата на мислата и на зборот во одбраниот пат и правец.

Авторката Оливера Доцевска е родена во Куманово, Република Македонија. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а во Скопје положува и правосуден испит и работи како адвокат од 2008 г. до 2020 г.

Оливера Доцевска денес работи и живее во Белград, Република Србија.  

Од 2012 година член е на Друштво на писатели на Македонија, а од 2014 – 2018 година е претседател на Статутарна комисија на ДПМ, воедно и член на Собраниски одбор на ДПМ.

Нејзиното книжевно творештво опфаќа повеќе дела поезија и проза, меѓу другото 8 стихозбирки, 3 приредени антологии, како и проза колумни, есеи, преводи, а преведена е на повеќе јазици и добитник на неколку награди за поезија.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“