Во Бугарија се одржа Европската ноќ на литературата

Од:

На 12 различни пункта, во центарот на Софија, како и во десет поголеми градови низ Бугарија, синоќа се одржа Европската ноќ на литературата, како дел од големиот книжевен проект кој под покровителство на Европската Асоцијација на културни институции (ЕУНИК) се одржуваше истовремено во 50 поголеми европски градови.

На овој настан, литература се чита на необични места „гнезда”, а публиката во текот на три часовната програма можеше да проследи читања на кои свои автори претставија Австрија, Унгарија, Германија, В. Британија, Полска, Чешка, Русија, Шпанија и Бугарија.

Македонија преку нашиот Културно-информативен Центар и годинава учествуваше на овој настан, презентирајќи поезија од академик Богомил Ѓузел и Лилјана Дирјан, во амбиентот на поранешниот чехословачки клуб „Масарик” во Софија.

Стихови интерпретираа македонскиот актер Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика од Штип. Според организаторите, меѓу кои е и македонскиот Центар во Софија, годинешнава манифестација е исклучително успешна и посетена од повеќе стотици, во најголем број млади љубители на пишаниот збор.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска