Во Битола заврши снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“

Од:

Последните кадри од филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија беа снимени денеска во Битола.

Режисерот и актер Шербеџија изјави дека филмот ќе биде завршен за седум дена, а потоа следува финализирање на производот чија промоција се очекува наесен, можеби на ИФФК „Браќа Манаки“.

– Во Битола престојувавме точно еден месец. Јавно се заблагодаруваме на граѓаните на Битола, на градоначалникот што ни помогна бидејќи цело време се чуствувавме како да сме во некое затворено американско студио. Премиерата може да се очекува во септември, можеби на ИФФК „Браќа Манаки“, нагласи Шербеџија.

Снимањето на последните кадри од филмот „Ослободување на Скопје“ во Битолскиот офицерски дом го следеше и градоначалникот Владимир Талески кој истакна дека идејата за „Битола филмски град“ се остварува.

– Во моите најдобри соништа никогаш не отсонував толку силен сон, дека една личност како Раде Шербеџија ќе дојде во Битола да снима филм. Нашата идеја за Битола филмски град чекор по чекор се остварува, а со прикажувањето на овој филм Битола ќе биде афирмирана уште повеќе и ќе привлече уште повеќе филмски екипи што ќе сакаат да ги реализираат своите филмски дела токму во Битола, посочи Талески.

Со снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ продолжи континуитетот на филмски продукции во Битола, како што тоа претходно го направија тимови од повеќе држави, беше истакнато на денешната средба со новинарите во тој град.
Филмот почна да се снима на 31 октомври во Велес.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он