Во Битола се одбележа „Европски ден на јазиците“

Од:

Француската Алијанса Битола и Националната установа Универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, го одбележаа Европскиот ден на јазиците преку европски кулинарски обичаи.

Годинава учествуваа ученици од основните училишта од Битола, каде се учи француски јазик и според програмата секое училиште подготви кулинарски обичаи од некоја европска држава.

– Европскиот ден на јазиците е прогласен од страна Советот на Европа и секоја година на 26 септември на јавноста и се посочува за важноста на учењето на јазици и проширување на листата на изучени јазици со цел да се зголеми плурилингуализмот и меѓукултурното разбирање.

– На овој ден исто така се промовираат богатата јазична и културна разноликост на Европа, која мора да се чува и негува, рече меѓудругото Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Република Франција во Република Македонија.

На манифестацијата во Битола учениците од основните училишта на француски јазик презентираа кулинарски раритети од Турција, Белгија, Велика Британија, Шпанија, Италија и од Франција.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола