Во Битола промовиран Зборник на трудови за традиционална музика и игра

Од:

Националната установа Центар за култура-Битола одржа промоција на Зборник на трудови за традиционална музика и игра во кој се поместени научни трудови и практики од соодветниот семинар кој шеста година по ред се одржува и е во рамки на фестивалот „Илинденски денови“.

Во Зборникот се публикувани трудовите на Тимко Чичаковски „Музички артефакти за традиционалните инструменти во 19 век“, на Благица Илиќ „Имплементација на сценска адаптација во ансамбл“, трудот „Создавање збирки во минатото: почетоци на музејот“ од Даворин Трпевски, осврт за обредо пејачките жанрови од летниот календарски циклус подготви Родна Величковска, додека трудот за „Формите во македонските играорни обрасци“ го подготви Владимир Јаневски, кој воедно го претстави Зборникот.

– Младите луѓе имаат потреба за едукација и знаења кои подоцна ќе ги имплементираат во своите ансамбли. Со овој Зборник им помагаме на културно уметничките друштва и фолклорните ансамбли да можат полесно и професионално да применуваат делови од методиките и сегментите поврзани со традиционалните вредности, односно народните ора, народните инструменти, народното пеење и народните носии, посочи Владимир Јаневски, професор на Факултетот за музичка уметност на одделот за етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Со промоцијата на Зборникот на трудови за традиционална музика и игра воедно почна неколкудневниот истоимен семинар во Битола на кој годинава учествуваат 60 студенти и поединци кои професионално или аматерски работаат во фолклорни ансамбли низ државата.

– Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ од своето формирање па до денес, посветува особено внимание на едукацијата на кадрите кои се ангажирани во процесот на негување и презентација на традиционалната музика и игра. Семинарот е востановен во 2009 година и секогаш овозможува пренесување на позитивни искуства и ние го сметаме како една од најзначајните придружни активности на фестивалот, нагласи Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Би можело да ве интересира

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за директорка на државен ученички дом во Битола, го оштетила Буџетот на МОН за 202.500 денари

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња