Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде промовирано второто печатено издание на книгата „Од збор до збор“ од Тихомир Јанчовски.
Стихови ќе читаат Зоран Тортевски, Марјан Ивановски, Добрила Грашеска и авторот. Промотор: Марјан од Битола.
Како што информира издавачката куќа „Антолог“, по електронското издание на „Од збор до збор“ кое пред две години имаше над 10.000 споделувања, печатената верзија е направена за оние што сакаат да ја имаат книгата „вистински“, со страници и со корици.