Во Битола почнува манифестацијата „Денови на хрватскиот филм“

Од:

Националната установа Центар за култура во соработка со Кинотека на Македонија и Кинотека на Хрватска од денеска до 22 мај ќе биде домаќин на манифестацијата „Денови на хрватскиот филм“.

Манифестацијата ќе почне со проекција на култниот филм „Македонскиот дел од пеколот“, а на свеченото отворање ќе присуствуваат директорката на Кинотека на Македонија Мими Ѓоргоска–Илиевска и директорката на Кинотека на Хрватска Кармен Лотка, информираат од НУ Центар за култура-Битола.

– Продолжуваме со месецот на европската кинематографија во битолскиот Центар за култура. По завршувањето на проекциите од италијанската кинематографија со манифестацијата „Прозорец кон италијанскиот филм“, и со реализација на циклусот „Војна и мир“ во руските филмови, вечер продолжуваме со филмскиот циклус на хрватските режисери Ватрослав Мимица и Бранко Бауер, а во рамки на манифестацијата „Денови на хрватскиот филм“, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Во периодот до 22 мај во арт-киното во Битола ќе бидат прикажани и филмовите „Хранетиот“, „Каја ќе те убијам“, „Прометеј од островот Вишевица“, „Лице в лице“, „Не свртувај се сине“ и „Три Ани“, а влезот за следење на секоја проекција е бесплатен, потврдуваа од оваа национална установа.

– Нашата следна амбиција е големата сала на НУ Центар за култура во Битола по инсталирањето на новата опрема за филмски проекции да функционира и да понуди 365 дена кино претстави со најголемите Холивудски филмски остварувања, за што ќе извршиме и ребрендирање на фоајето, потврди Димитровски.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ