Во Битола почна снимањето на долгометражниот игран филм „Банат“

Од:

Во Битола денеска почна снимањето на долгометражниот игран филм „Банат“, италијанско-романска-бугарска-македонска копродукција, чиј режисер е Адриано Валерио, еден од најдобрите млади режисери во Европа и добитник на наградата „Златна Палма“ за краток филм на филмскиот фестивал во Кан.

За најновиот проект на македонската продуцентска куќа „КТ филм и медиа“, продуцентот Димитар Николов истакна дека овој филмски проект, всушност е првиот во Македонија кој се реализира според новите правила на Агенцијата за филм и претставува пример за остантите продуценти од Македонија.

– Тема во филмот е ре-емиграцијата од Италија кон источните држави. Заситени од западното општество, многу млади луѓе одлучуваат да заминат на Исток, гледајќи повеќе перспективи за својот живот и прифесии. Филмот во Македонија се снима на локации во Битола, пелагониските села Рибарци и Буково, како и во преспанските села Царев Двор и Дупени, посочи продуцентот Димитар Николов.

Во филмот „Банат“ главните улоги ги толкуваат Едуардо Габриелини од Италија и Елена Радончиќ Црна Гора, а македонскиот тим го претставуваат Роберт Јанкуловски кој заедно со Џонатан Рикебург од Франција се директори на фотографија, сценограф е Викторија Динева, мејк-ап артист Марина Цигарида, Петар Трајчевски-менаџер на локации, Саша Станишиќ-асистент на режија, Бурим Муслиу-асистент костимограф и други лица.

– Во Македонија ќе се снима две недели, а потоа по две недели ќе се снима на 70 локации во Романија, Бугарија и во Италија, за што се ангажирани стотина членови, потенцира Николов на денешната прес конференција. 

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он