Во Белград промоција на третата стихозбирка на поетот Славе Ѓорѓо Димоски препеана на српски јазик

Од:

Во рамки на 59-тиот Саем на книгата во Белград ќе биде промовирано делото „Блиска врска“, третата книга со поезија на охридскиот автор Славе Ѓорѓо Димоски препеана на српски јазик.

Промоцијата на најновата поетска книшка на Димоски ќе биде на штандот на издавачката куќа „Филип Вишњиќ“, во превод на српскиот поет Душко Новаковиќ. Претходно на српски јазик беа објавени две стихозбирки на Димоски, и тоа се обајвени „Мерач речи“ во 2010 и „Поље. Бојно поље?“ една година подоцна

Третото издание го сочинуваат збирки песни на Димоски со негови дела објавени во стихозбирките „Форми на страста“ од 1998 и „Темно место“ од 1999 година, за кoја во 2000 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“.

Двете книги претставуваат своевидна тематска целина, а во основа ги содржат двата основни животни принципа – принципот на еросот содржан во „Форми на страста“ и принципот на танатосот како олицетворение на смртта што преовладува во стихозбирката „Темно место“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска