Во Белград отворени Денови на македонската култура – „Допир на Македонија 2026“

Од:

Во Белград синоќа беа отворени јубилејните 15-ти по ред Денови на македонската култура – „Допир на Македонија 2026“ – организирани од здружението „Македониум“ и под покровителство на Македонскиот национален совет.

Настанот беше отворен со изложбата „Еруптивни форми“ на реномираниот уметник Славе Ајтоски. За уметничкото дело и творештвото на авторот говореше скулпторот Синиша Новески, осврнувајќи се на специфичниот израз и длабочината на уметничкиот јазик на Ајтоски, како и на неговиот придонес во современата уметност.

На отворањето се обрати претседателката на здружението, Искра Пенева, која ја истакна важноста од континуирана афирмација на македонската култура и идентитет преку такви настани.

Обраќање имаше и директорот на македонскиот Културно-информативент центар во Белград, Васко Шутаров, кој ја потенцираше важноста на институционалната поддршка и културната соработка меѓу двете земји.

Манифестацијата ја отвори претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, која потенцира дека „Допир на Македонија“ не е само културен настан, туку простор на живо поврзување, препознавање и споделување на заеднички вредности.

Изложбата „Еруптивни форми“ ќе биде отворена за посетителите до 15 мај.

Во рамките на манифестацијата ќе има бројни културни содржини со кои преку уметноста, јазикот и традицијата – ќе ја доближат Македонија до публиката во Белград.

Би можело да ве интересира

Терористот Дарио (18) од Бела Река, кој се водеше како исчезнат, се обиде да убие жандарм во Белград

Горан Наумовски

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Јаков Јозиновиќ ги одложи концертите во Белград

А1он

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он

Момче изгуби свест за време на опасна „игра“ со соученик

А1он

ВИДЕО: Објавена снимка од приведувањето на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ

Катерина Ѓуровски