Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

Од:

Во канцеларијата на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај денеска е поставена и отворена изложба на учениците од средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ од Тетово, информираат од Општина Тетово.

Изложбата е насловена „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!, а на отворањето присуствувал и тетовскиот градоначалник Биљал Касами, како и директорот Музафер Ливорека.

– Оваа изложба, која ги претставува делата на учениците и професорите од училиштето, е сведоштво за креативноста, страста и посветеноста на новите генерации од Тетово. Од текстилниот дизајн до применетите уметности, овие креации ја покажуваат моќта на уметноста да инспирира и да ја гради иднината. Благодарност до сите кои ја поддржуваат промоцијата на талентот и соништата на нашата младина, вели градоначалникот Биљал Касами.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он