ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на реакцијата на СДСМ за прес-конференцијата на Роберт Вељановски.
„Откако СДСМ ја продаде државата, сега тоа го прави и со културата.
Музејот на македонската борба за државност е музеј кој досега го посетиле илјадници посетители од целиот свет и е институција која го покажува реалниот развој на настаните во минатиот век.
СДСМ освен рушење и укинување нема што друго да им понуди на граѓаните.
Укинувањето на Музејот на македонската борба за државност е директен атак на културата, која повеќе од една година е под директен удар на аматеризмот и непрофесионалноста на власта.
Секој еден преставник на власта кој во налетот на моќта им ја дава моменталната власт ќе причини штета врз државата, културата и се друго ќе одговара за своите дејствија, кога за тоа ќе се создадат услови, со враќање на правната држава“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.