ВМРО-ДПМНЕ: Осакатени буџетски средства и лоша програмска понуда- промашена годишна програма од областа на визуелните уметности

Од:

„Кој е придонесот на т.н „шарени ’културни‘ работници“, оние истите кои го „креваа гласот“ по улиците, а сега вработени во националните институции од културата? Кој е нивниот реален општествен придонес? Како може од позиција на нови „креатори на институционалните програмски политики“ да направат очигледен буџетски грабеж и преку нивните здруженија, изминативе седум години, да „изедат“ повеќе од пет милиони евра“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивните невидливи работилници од типот „Редовни годишни програми“, „Дискурзивност во уметничките практики“, „Новите предизвици и перспективи“ финансирани со милионски износи, упатуваат на чиста манипулација и грабеж на средствата наменети за докажаните уметнички имиња!

Така, на пример, традиционално и оваа година, Асоцијацијата „ЈАДРО“ за своите „Годишни програмски активности“ доби 1.000.000 денари, наспроти Друштвото на ликовни уметници на Македонија кое за истата активност доби 500.000 денари.

Отсуството на сериозни проекти од носечките национални институции во културата, со одредени исклучоци, кои, во услови на хипокризија и натаму се обидуваат да опстојат, дополнително ја деградираат веќе обезличената ликовна сцена. Речиси и да нема ретроспективи, јубилеи, проблемски изложби ниту, пак, уметници од странство. Минимално е третирањето на ликовните збирки и колекциите кои повеќето од националните институции ги поседуваат, а се клучен фактор во градењето на националната културна свест и во овој сегмент од културното живеење на еден народ.

И покрај бројните нови вработувања на „стручни“ кадри, евидентно е и отсуството на стручно-научни истражувања поврзани со одредени стилски и тематски проблеми од македонската ликовна сцена или, пак, патувачки изложби на оние малку проекти кои се обидуваат да задржат квалитет и кои треба да ја развиваат и подигнуваат свеста во внатрешноста за нашето ликовно творештво како културно добро.
Поради погубната стратегија „за сите по нешто“ доведена е во прашање реализацијата на посериозните проекти на оние малкумина капацитетни кустоси од националните установи, како и реализацијата на проектите на еминентните имиња од македонската ликовна сцена.
Проектите на музеите и на центрите за култура најчесто се сведени на преземања од други институции. Немањето стручност, концепт и менаџерски капацитети на раководните кадри на СДС(М) е видливо и во перманентното аплицирање и реплицирање на едукативни работилници, кои се неопходни, но доколку се придружни, а не носечки проекти во работата на овие институции.

Како по правило, и оваа Програма изобилува со ликовни колонии со непотврден квалитет зад чиешто одржување не стои никаков сериозен концепт, туку автори по случаен избор врз принципот „да се собереме и да се подружиме“.

За да биде сликата појасна, оваа година најзначајните ликовни колонии за Министерството за „култура“ се Тетовската и Графичката колонија во организација на омилената печатница на СДС(М) „Софија“ – Богданци, кои се финансирани двојно или тројно повеќе од најстарите и етаблираните, како што се: Струмичката или Галичката колонија или, пак, „Папрадишки мајстори“ финасирана со само 70.000 ден. Дополнително, печатницата е наградена со уште 800.000 денари за Фестивал на детска илустрација во издавачката дејност.
Следејќи ги избраните проекти на „правните субјекти“, продолжува впечатокот за ваквиот маргинализиран однос кон уметноста без конкретни визии што е национален приоритет и што тој подразбира. Па така, нејасно е врз основа на кои вредносни критериуми се доделени 350.000 денари на Здружение „Артакт Битола“ наспроти БИМАС на Асоцијацијата на архитекти на Македонија со 230.000 денари. Неспоредливи се доделените средства на Националната галерија на Македонија за најзначаниот проект „Одбележување на 75 години јубилеј од нејзиното основање“. И тоа не е сѐ! Битолското здружение е допонително финасирано со уште еден проект со 600.000 денари во интердисциплинарна дејност.

Бројни се небулозните одлуки на Министерството. Во овие услови на осакатени буџетски средства и крајно лоша програмска понуда од страна на националните установи од областа на културата, очигледно на повидок е уште една промашена годишна програма од областа на визуелните уметности!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите