ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од секоја логика, за промоција на сунет 500.000 денари, за Скопскиот Аквадукт нешто повеќе од 1 милион денари

Од:

„Дното е пробиено, денес Заев направи настан за исчистен смет. Оваа влада нема проекти и се фали со она што е редовна дневна активност на јавните претпријатија за комунални услуги.

Заев и Алаѓозоски неуспешно се обидуваат да го прикријат срамот и скандалот кој го предизвикаа со Годишната програма за култура.

СДСМ или нема никакво познавање од културата или свесно ги потценува културните работници и си поигрува со историското наследство. Да одвоиш 600.000 денари од годишната програма наменета за култура за здружение за спорт и екологија, а 1.1 милион денари за Скопскиот Аквадукт е смешно.

Надвор од секоја логика е од парите наменети за култура да се финансира промоција на сунет со 500.000 денари, а за Скопскиот Аквадукт кој е милениумски објект да се одвојуваат нешто повеќе од 1 милион денари.

Срамно и скандалозно е парите за култура да се трошат на финансирање на аматеризам и граѓански здруженија, за сметка на професионалните уметници, националните установи и објектите од културно наследство за државата. И сето тоа да се прикрива со чистење на депонии.

Власта дефинитивно потврди дека е комплетно безидејни и не знае да менаџира со парите на граѓаните.

Власта покажа дека е неспособна да работи во корист на граѓаните и државата. Власта покажа дека е безидејна и расипнички ги троши парите на граѓаните.

Алаѓозоски мора да понесе одговорност за хаосот што го предиззвика во културата. Штетите од неговото министерување се непроценливи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Зоран Заев и Роберт Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија