ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Заев да говори за заштита на македонската историја, традиција и култура

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на премиерот Зоран Заев на Галичката свадба.

„Нема поголемо лицемерие од тоа кога Заев говори за заштита на македонската историја, традиција и култура.

Зоран Заев е првиот политичар кои целосно ги прифати грчките црвени линии и се согласи на бришење на името Република Македонија.

Зоран Заев е првиот политичар кој се откажа од Македонците во соседните држави. Зоран Заев е првиот политичар кој се согласи нашата историја да ја пишуваат мешовити комисии.

Доколку е Зоран Заев барем малку искрен кога се колне во своите предци и во своите деца, го повикуваме да се откаже од намерата за бришење на Уставот и целосно прекрстување на државата. Доколку Заев е барем малку заинтересиран за македонската историја, традиција и култура, го повикуваме да не поддржува договори во кои истите се негираат и се бара мешани комисии дополнително да ги утврдат.

Се друго е уште една бесрамна лага на човекот кому му се поважни грчките национални интереси“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад