Виртуозот на гитара Кривокапиќ со Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија во четврток вечер ќе го одржи концертот „Фантазија за еден џентлмен“ под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар. Како солист ќе настапи гитаристот Горан Кривокапиќ.

Кривокапиќ доаѓа во Скопје како замена за Милош Карадаглиќ, кој поради повреда го откажа гостувањето. Премиерно ќе го изведе концертот за гитара и оркестар од Хоакин Родриго.

На концертот, што го одбележуваат три спектакуларни македонски премиери, ќе прозвучат и оркестарската свита „Шпанија“ од Исак Албениц оркестрирана од Рафаел Фрубек де Бургос, како и исклучително енергичниот и добро познат „Данцон“ бр. 2 од Артуро Маркез.

Горан Кривокапиќ е еден од најуспешните гитаристи од помладата генерација, победник на бројни меѓународни натпревари и ексклузивец на дискографскта куќа „Наксос“. На четиринаесетгодишна возраст првпат стана лауреат на меѓународен натпревар, а следната победи на вкупно 18 меѓународни натпревари. Неговиот пробив е во 2004 година кога триумфира на најпрестижниот натпревар за гитара на Американската гитарска фондација во Монтреал. По добивањето на ова признание, настапува во најпрестижните сали во светот, Концертгебау во Амстердам, „Чајковски“ во Москва, палатата Лубковиц во Виена. Често е и член жири на меѓународни натпревари и фестивали.

Кривокапиќ настапува и со бројни оркестри меѓу кои Црногорскиот симфониски оркестар, Руската филхармонија, Симфонискиот оркестар „Нова Русија“, Филхармонијата на Торино, Рајнската филхармонија, Оркестарот на градот Фолкванг, Оркестарот на државното радио на Букурешт,…

Кривокапиќ се концентрира на развој на нови дела за гитара преку пишување транскрипции, но и на соработка со композитори кои пишуваат дела специјално за него. Предава гитара на Меѓународната академија за гитара во Кобленц, Германија, а од 2012 година е гостин доцент на Музичката академија во Сараево.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска