Македонската филхармонија вечер ќе го одржи вториот концерт од циклусот „Лауреати“ под диригенската палка на Андреас Вајзер од Германија, а солист ќе биде еден од најистакнатите украински виолинисти, младиот Валериј Соколов.
На програмата се Концертот за виолина и окрестар бр. 5 од Волфганг Амадеус Моцарт, Увертирата кон операта „Волшебната флејта“ исто така од Моцарт и Симфонијта бр. 8 од Лудвиг ван Бетовен.