Винченцо Бјанки најави значаен културен проект за Охрид

Од:

Познатиот италијански сликар и хуманист Винченцо Бјанки денеска во Охрид најави дека ќе иницира културен проект за да го вметне Охрид меѓу најпознатите европски културни метрополи на современата уметност.

– Во Охрид се чувствувам како дома и со гордост ја носам титулата почесен граѓанин на овој свет град. Заедно со градоначалникот Петрески успешно ја продолжуваме започнатата соработка и се надевам дека успешно ќе завршиме уште еден голем проект од областа на уметноста, рече Бјанки по средбата со охридскиот градоначалник Александар Петрески.

Градоначалникот Петрески се заблагодари за досегашната соработка со овој светски познат сликар и хуманист, додавајќи дека локалната самоуправа ќе ги преземе сите активности за создавање услови за брза реализација на проектите и идеите на Винченцо Бјанки.

Петрески денеска прими и германска делегација од Северна Рајна Вестфалија, предводена од Хелмут Дуда, бизнисмен и претставник на Здружението за охридско-рурско пријателство.

На средбата заеднички беше оценето дека Здружението е темел на долгогодишната соработка, особено во туризмот и културата. Постои интерес за подобрување на сорбаотката и во други области, пред се на економски план преку привлекување инвеститори од Германија.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид