Виктор Лилчиќ на местото на Паско Кузман

Од:

Директор на Управата за заштита на културно наследство ќе биде Виктор Лилчиќ, професор на Филозофскиот факултетет и доктор на археолошки науки.

Владата на вчерашната седница го именуваше Виктор Лилчиќ, а периодот на мандатот, согласно законот, изнесува четири години. Истовремено и официјално e констатиран престанокот на мандатот на досегашниот директор Паско Кузман, кој пред неколку месеци ги исполни условите за старосна пензија и продолжи да го врши раководењето со институцијата до назначувањето на новиот директор.

– Лилчиќ се пријави на првиот јавен повик за пројавување интерес за ангажман на раководни функции каде беше предвидена и оваа позиција и остави најдобар впечаток на интервјуата и во првата и во втората фаза. Презентираше добри идеи за управувањето со институцијата и развој на дејноста и затоа Владата реши да му ја даде довербата, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Според него, ова е комплетен доказ за исправноста на владината политика за промоција на еднакви шанси за граѓаните да можат да бидат избрани и именувани на раководни позиции и аргумент дека овој концепт функционира и дава резултати.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ