Виенски бал в сабота во Скопје

Од:

Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, под покровителство на Австриската амбасада во Македонија в сабота, во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи 17-от Виенскиот бал во Скопје.

Во валцерите на Штраус и изведбата на професионалниот оркестар „Јохан Штраус“, под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар, ќе уживаат дамите во свечени фустани и господата во отмени костуми.

За атрактивните танцови точки и оваа година задолжени се членовите на „Прима Данца“, а ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ – Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски. Посетителите, освен валцери, ќе танцуваат на евергрини и на македонски хит рефрени во изведба на Нина Јанева, Горан Папаз, „2Exit“ и „Тумбао салса бенд“.

Годинава балот има хуманитарна цел. Дел од средствата од продадените билети се наменети за лица со попреченост, меѓу кои и лица со Даунов синдром при Здружението за промоција на општествена инклузија „Инклузивни решенија“-Скопје.

Би можело да ве интересира

ФЛЕКС КРЕДИТ – Еден од спонзорите на Виенски бал – Скопје 2024

Предраг Петровиќ

Коронавирусот ги откажува Виенските балови

Ана Ололовска

„Виенски бал“ во Скопје

Ана Ололовска

Виенски бал на 11. март во Скопје

Ана Ололовска

16. Виенски бал во Скопје

Ана Ололовска

Виенски бал во Скопје на 8-ми март

Емир Латифовиќ