Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар информираат дека седмиот по ред мултимедијален спектакл „Види музика – слушни слика – добиј книга“ ќе се одржи на 19.јуни, со почеток во 21:00, во Градскиот Парк.
„Како и секоја година, на концертот со оркестарот на Македонската Филхармонија, ќе се подарат 20.000 книги, и на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, ќе имаме можност да го проследиме ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници.
– Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе се ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов“, соопштуваат МФ и МКЦ.